Со длабока тага ја примивме веста за огромната трагедија во Кочани.
Изразуваме искрено сочувство до семејствата на сите настрадани и им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со сите погодени од оваа несреќа.
Овој трагичен настан е потсетник за важноста на безбедноста и почитувањето на законите, правилниците и стандардите. Во духот на солидарноста и одговорноста, ги ставаме на располагање сите наши капацитети, експертиза и знаење за поддршка на надлежните институции во справувањето со оваа трагедија.
Вечна им слава на починатите.